Услуги
|
Управна постапка и управни спорови
- Поведување, водење и застапување во управни постапки. Составување барања и поднесоци, како и застапување пред министерства, општини, фондови и други органи на државната или локалната управа.
- Правни лекови во управна постапка. Поднесување жалби против првостепени решенија до второстепени органи и Државната комисија за одлучување во управна постапка, како и постапување во случаи на молчење на администрацијата.
- Управни спорови. Поднесување тужби за поведување управен спор пред Управниот суд и жалби до Вишиот управен суд на РСМ за поништување незаконити управни акти.
- Урбанизам, градежништво и имотно-правни работи.
- Правна помош во постапки за легализација. Помош при добивање одобрение за градење, експропријација и упис на права во Катастарот на недвижности.
|