Услуги
|
Граѓанско право, парнична и вонпарнична постапка, семејно, наследно право
- Облигациони односи и договори Составување, анализа и ревизија на сите видови договори (купопродажба, закуп, подарок, заем, договор на дело, доживотна издршка), како и застапување во спорови за раскинување, поништување или исполнување на договори.
- Надомест на штета Остварување на правото на надомест на материјална и нематеријална штета (повреди на работа, сообраќајни незгоди, лекарски грешки, нарушување на угледот и сл.).
- Стварно и имотно-правно Заштита на сопственост и владение, делба на имот и застапување во постапки пред Агенцијата за катастар на недвижности.
- Наследно и семејно право Оставински постапки, составување тестамент, договори за распределба на имот за време на живот, оспорување тестамент или нужно наследство, развод на брак, доверување деца, определување издршка и алиментација, поделба на брачен имот.
- Наплата на побарувања и извршување Опомена пред тужба, составување и поднесување предлог за издавање нотарски платен налог и застапување пред извршител за ефикасна наплата на Вашето побарување.
|