Услуги

Авторски права и право на интелектуална сопственост

  • Индустриска сопственост (жиг, патент, дизајн).
  • Регистрација и заштита на права од индустриска сопственост. Поведување и водење постапки за регистрација, обновување и пренос на трговски марки, патенти, индустриски дизајн и географски називи пред Државниот завод за индустриска сопственост.
  • Заштита на авторски и сродни права. Правно советување и заштита на автори, уметници, програмери, продуценти и медиуми во врска со нивните авторски дела.
  • Заштита во дигиталната сфера и ИТ право. Правна поддршка при заштита на веб-страници, мобилни апликации, бази на податоци и интернет-домени, како и регулирање на правата во дигиталниот маркетинг.
  • Судска заштита и спречување повреда на права. Поднесување тужби и барања за определување привремени мерки при неовластено користење туѓ бренд, плагијат, нелојална конкуренција, како и остварување право на надомест на штета.
  • Царинска заштита. Водење постапки за спречување увоз и дистрибуција на фалсификувана стока со која се повредуваат Вашите права.