0 Ирена Фрчкоска
 
\
MK | EN | ALB
АДВОКАТ
ИРЕНА ДАНАИЛОВА ФРЧКОСКА
 
 
 
За нас

Адвокатската Канцеларија на Адвокат Ирена Фрчкоска од Скопје, егзистира во Правниот систем на Република Македонија од 2004 година. Носител на Канцеларијата е Адвокат Ирена Данаилова Фрчкоска од Скопје, која дипломирала на Правниот Факултет Јустинијан Прима при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје, во 2001 година, на Катедра по Граѓанско право и граѓанска постапка.

Канцеларијата ја сочинуваат уште 2 соработници - сите дипломирани Правници, со искуство и со положен Правосуден испит.

Седиштето на Адвокатската канцеларија се наоѓа во центарот на Скопје, улица Свети Кирил и Методиј бр.6/3-Скопје

Според обемот и квалитетот на работа, нашата Адвокатска канцеларија, се вбројува во редот на Адвокатски фирми со големо реноме во правната област.

Нашите основни принципи на работа се одликуваат со стручност, квалитет, флексибилност, динамичност и дискреција, кои воедно се и главни карактеристики на нашиот правен тим.

Секако, нашиот најважен принцип е тимската работа во изнаоѓањето на најдобри решенија за Нашите клиенти.

Наша цел е да ги исполниме очекувањата на нашите клиенти за одлично работење и да понудиме постојана интегрална и високо квалитетна правна услуга, од областа на нашиот Правен систем.
 
Адвокатска канцеларија - Ирена Фрчкоска. Изработка 2011
Дизајн и хостинг: UnetInteractive